Се поднесува барање за одобрување на елаборат за заштита на животна средина кон кое се приложува:
- изготвени елаборати и тоа 3 копии во хартиена и 1 електронска форма
- платена административна такса за поднесување барање 50,00 ден
- платена административна такса за одобрување на елаборатот 600,00 ден.
Надлежниот орган за одобрување на елаборатот доколку утврди дека елаборатот не ги содржи барањата од
Правилникот за формата и содржината на елаборатот за заштита на животната средина согласно со видовите
на дејностите или активностите за кои се изработува елаборат..(Сл.весник на РМ 80/2009,32/2012) ќе побара
дополнување на елаборатот во рок од 15 дена;
Надлежниот орган издава Решение со кое го одобрува или не го одобрува елаборатот во рок од 15 дена од
денот на приемот на барањето за одобрување на елаборатот;
Против Решението незадоволната странка има право на жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на
Решението до Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор
степен.