Skip to content
Home » Новости » ИЗВЕСТУВАЊЕ

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувана сограѓани и жители од општина Брвеница а посебно од с. Радиовце

Ги слушаме и гледаме Вашите реакции за патот во новата населба во с. Радиовце и сосема сте во право!

Имено, новата населба е формирана пред околу 40 години а легализацијата на објектите е започната пред околу 10 години и до денес овие жители немаат пат и секојдневно 40 (четириесет) години газат во кал.

Оправдана е реакцијата и во рамки на можностите, после секој дожд интервенираме со поставување на  песок (тампон) и во зависност од временскиот период, поставуваме различен вид на песок.

После обилните дождови и вчера (23.11.2022 година), интервениравме во с. Радиовце и по грешка, тампон наменет за пополнување на ров од канализација е истурен во неколку дупки, веднаш е увидена грешката и донесен е нов тампон, санирани се дупките како и десетина пати претходно оваа година.

Решението не е да се пополнуваат дупките со песок после секој дожд и да се дебатира или критикува каков вид на песок е ставен во некоја дупка!

Наследивме големи проблеми во општина Брвеница и ги решаваме а за с. Радиовце ќе нагласам и со радост ќе известам дека после повеќе од 40 (четириесет) години, ќе го решиме проблемот во с. Радиовце. Имено, повеќе од 8 месеци работиме на проектна документација и согласно последните информации од Светска банка и Министерство за транспорт и врски, проектот е одобрен и во фаза на тендерирање што значи на пролет во 2023 година, 40 годишен проблем ќе биде надминат со поставување на асфалт со највисоки стандарди.

Се надеваме на разбирање а општина Брвеница инвестира и се грижи за сите населени места!

Со почит