Skip to content
Home » Новости » СТАРТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

СТАРТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Локалниот економски развој е надлежност на локалната самоуправа и, како таков, зависи во најголем дел од доброто планирање од страна на самата единица на локалната самоуправа. Мерките на национално ниво, најчесто, не се во можност прецизно да ги идентификуваат потребите на општините во Република Македонија и затоа подготовка на стратегија за развој на локално ниво претставува една од суштествените мерки за планирање на севкупниот одржлив развој на една општина. 

За таа цел единицата за Локален Економски Развоја (ЛЕР) на општина Брвеница подготви прашалник за креирање на стратегија за Локален Економски Развој а вие како жители на општината ќе ни помогнете да ги индентификуваме клучните проблеми во општината и долгорочно да ги определиме генералните насоки за развој на општина Брвеница.

– на македонски https://forms.gle/KxuL1Km3wCT1Ycio7

– на албански https://forms.gle/tpCSr9ezDVmMc2yDA

Прашалникот ќе биде достапен до 09.12.2022 до 12:00 часот

Со почит,

Единица за Локален економски развој о. Брвеница