Skip to content
Home » Новости » Почитувани граѓани на општина Брвеница

Почитувани граѓани на општина Брвеница


Општина Брвеница е подготвена за претстојната зима и зимското одржување на локалните
патишта и улици за коишто е надлежна. Во текот на зимската сезона коловозните ленти ќе
се расчистуваат според приоритетите согласно Оперативниот план, како што се
критичните точки, пристапите до објектите од витално значење за граѓаните и
сообраќајниците од посебно значење за функционирање на сообраќајот.
Притоа, апелираме до сите граѓани на територијата на општина Брвеница, расчистениот
снег да не го исфрлаат на улиците и тротоарите за да не го отежнуваат расчистување на
улиците од страна на зимската служба на Општината.
Истовремено, апелираме на повисока свест кај возачите во нашата општина во ваквите
временски услови да возат внимателно согласно условите на патната мрежа во општината.
Општина Брвеница апелираме возилата да не се паркираат на сообраќајниците, бидејќи се
отежнува, а на места и оневозможува интервенцијата со потребната механизација за
чистење на улиците.
Во спротивно, полицијата и комуналните инспектори, врз основа на Законот за јавната
чистота, ќе изрекуваат казни.
Почитувани сограѓани, со заедничка соработка да придонесеме за полесно и подобро
справување со снежните наноси, оваа зима.