Ги покануваме жителите да учествуваат на Буџетски форум кој се спроведува од страна на општина Брвеница.
На форумската сесија присутните преку своето учество ќе имаат можност да се запознаат и да дискутираат за реализацијата на буџетот на општина Брвеница за 2024, но и да даваат предлози за планирање на буџетот за следната, 2024 година. Воедно присутните ќе имаат можност да предлагаат, дискутираат и одлучуваат кои се приоритетни програми и проекти од буџетот за подобар развој на општината.
Форумската сесија ќе се одржи на 18 декември 2024 година (Среда) со почеток во 11:00 часот во просториите на сала во ООУ „7 Гоце Делчев“ с. Теново, општина Брвеница.
Присуството на жителите, здруженијата на граѓани и претставниците на институциите, како и нивното активно учество на сесијата ќе биде од особено значење за успешно спроведување на буџетскиот форум и ќе даде голем придонес за креирање на буџетот на општина Брвеница.
Вашите идеи се важни, ги слушаме граѓанските предлози!