Home » Прашања И Одговори

Прашања И Одговори

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Која е постапката за одобрување на Елаборат за Заштита на животна средина?

Се поднесува барање за одобрување на елаборат за заштита на животна средина кон кое се приложува:

   – изготвени елаборати и тоа 3 копии во хартиена и 1 електронска форма

   – платена административна такса за поднесување барање 50,00 ден

   – платена административна такса за одобрување на елаборатот 600,00 ден.

Надлежниот орган за одобрување на елаборатот доколку утврди дека елаборатот не ги содржи барањата од
Правилникот за формата и содржината на елаборатот за заштита на животната средина согласно со видовите
на дејностите или активностите за кои се изработува елаборат..(Сл.весник на РМ 80/2009,32/2012) ќе побара
дополнување на елаборатот во рок од 15 дена;


Надлежниот орган издава Решение со кое го одобрува или не го одобрува елаборатот во рок од 15 дена од
денот на приемот на барањето за одобрување на елаборатот;


Против Решението незадоволната странка има право на жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на
Решението до Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор
степен.

Кои се последиците од бесправно градење на објекти?

Објаснување на последиците кои можат да настанат од бесправно градење на објекти како: Отстранување на објектите (рушење), како и Кривична одговорност за инвеститорот.

Постапка за издавање на одобрение за градење ?

Објаснување на постапката, со напомена дека може да се отпочне со градење на градбата по добивање на правосилно одобрение за градење.

Кои се урбанистичките услови за добивање на одобрение за градење ?

Објаснување на урбанистичките услови потребни за добивање на добивање на одобрение за градење.