Skip to content
Home » Даноци

Даноци

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА АДМИНИСТРИРАЊЕ НА ДАНОЦИ И ТАКСИ

Како дo барање?

  • Тоа може да се направи онлајн преку комплетирање на PDF документот што може да го преземете во вашиот компјутер,  а потоа да го испратите преку електронска пошта до вработениот во администрацијата.
  • Откако ќе испратете на службена е-пошта, исто така мора да направите уплата во банка или пошта, што можете да го видите како пример уплатницата подоле.
  • Можете да одите во општинската администрација со платената уплатница за да го потпишете документот.
TипБарањеУплатницаE-маил
PDFБарањеУплатницаtatimet@brvenica.gov.mk 

ДАНОЧНА ПРИЈАВА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ДАНОК НА ИМОТ

Потребни документи:

  • Даночна пријава (ја пополнува сопственикот на имотот)
  • Доказ за сопственост (имотен лист, договор, решение, пресуда, одобрение за градба и сл.)
  • Копија од лична карта од сопственикот
TипДаночна пријаваУплатницаE-маилВидео упатство
PDFДаночна пријава за утврдување на имотУплатницаtatimet@brvenica.gov.mk ВИДЕО

ДАНОК НА ПОДАРОК И НАСЛЕДСТВО

Данок на наследство и подарок се пресметува и наплатува за недвижен имот, пари, парични барања, хартија од вредност и друг недвижен имот, доколку паричната вредност на наследство или подарок е повисока од просечната годишна плата во Република Северна Македонија за претходна година.

Даночен обврзник на данок за наследство и подарок е:

  • Физичко и правно лице, резидент во Република Северна Македонија, кој наследува имот или прима подарок во земјата или надвор од неа.
  • Даночни обврзници се и надворешни физички односно правни лица нерезидентни, за имотот што го наследуваат или подарокот што го примаат на територијата на Р. Северна Македонија.

Основа на данок за наследство и подароци претставува пазарна вредност на наследениот имот, односно имотот примен како подарок, намален за долгови ( обврски) и трошоци што го оптеретуваат имотот кој е предмет на оданочување.


Норма за данок на наследство и подарок во општина Брвеница:

  • Норма за данок на наследство и подарок за обврзници од втор ред наследство е 2%.
  • Наследници од втор наследен ред се сметат родителите, сестри и браќа оставители на наследство.
  • Норма за данок на наследство и подарок за обврзници од трет наследени ред изнесува 4%.
  • Наследници од трет наследен ред се сметат дедовци или внуци кога оставителот на наследство не оставил по него ниту деца ниту родители.
  • Наследниците односно приматели на подарок од трет наследнички ред во однос со оставителот на наследството односно со оставителот на подарокот, не подлегнуваат на данок.
  • Наследници од прв наследен ред се сметат децата и брачниот партнер на оставителот на наследството.

    Ослободени од данок се и наследници од втор наследнички ред односно приматели на подарок – станбен објект доколку живееле со оставителот или подарувачот во едно семејство најмалку една година пред смртта на оставителот, односно во моментот на приемот на подарокот, под услов примателот на наследство или подарок и потесните членови на семејството да не поседуваат друг станбен објект.
TипДаночна пријаваУплатницаE-маил
PDFДаночна пријава за наследство и подарокУплатницаtatimet@brvenica.gov.mk 

ДАНОК ЗА НЕДВИЖЕН ПРОМЕТ

Предмет на оданочување претставува недвижниот промет, односно пренесување со или без надоместок на сопственичко право како и други начини на добивка од недвижности со или без надоместок помеѓу  физички и правни лица.
Даночни обврзници на данокот на промет на недвижности се :

  • Физичко и правно лице, продавач на недвижноста.
  • Даночни обврзници за данок на промет на недвижност може да биде и купувач на недвижноста доколку во купопродажната спогодба на недвижноста, со клаузула, е истакнато дека даночниот обврзник да биде купувач на недвижноста.
  • При размена на недвижностите, даночен обврзник е учесникот во размената кој дава за размена недвижност со поголема вредност.
  • Доколку правото на имот за недвижност се пренесува врз основа на спогодба за доживотна грижа, обврзник на данок на  промет е примателот на недвижноста, односно наследници на сопственикот на недвижноста.
  • При продажба на недвижноста во стечајна или ликвидна постапка, како и при реализација на спогодбата за хипотека, обврзникот  на даночниот промет може да биде и купувачот на недвижноста.

Основа за данок за промет на недвижноста претставува пазарна врдност на недвижноста како и пазарното право во моментот на  создавањето на даночната обврска.
Норма за данок на промет на недвижноста и права во општина Брвеница е пропорционална и тоа 3%.

TипДаночна пријаваУплатницаE-маил
PDFДаночна пријава за недвижен прометУплатницаtatimet@brvenica.gov.mk 

ДАНОК НА ИМОТ

Предмет на данок на имот според законските одредби е недвижeн имот во сопственост и користење, освен имотот ослободен од наплата на данок според законот.
Даночни обврзници се:

  • Физички и правни лица, сопственици на недвижeн имот.
  • Физички и правни лица корисници на недвижен имот, во случај кога сопственикот е непознат или за кого општинската администрација нема пристап.
  • Физичко и правно лице, доколку имотот е во сопственост на повеќе лица, секој од нив е
    обврзан со пропорционален данок на делот на имотот.
  • Физички и правни лица корисници на недвижен имот во сопственост на државата или општината.

Основа на данокот на имот е пазар на вредност на недвижниот имот, кого го одредува комисијата формирана од страна на советот на соодветна општина (лице проценувач). Пазарната вредност се одредува врз основа на Методологијата за одредување на пазарна вредност на недвижниот имот. Контрола и ревизија на пазарната вредност врши Министерството за финасии. Даночна норма на имот во општина Брвеница:

  • Данок на имот (вселени):0,05%
  • Данок на имот ( невселени):0,10%


TипОдлукаКомунална и административна такса
PDFЗа утврдување на зоните и движењето на пазарната вредност Уплатница

Раководител на одделение: Реџије Бајрами
Е-маил: tatimet@brvenica.gov.mk