Skip to content
Home » Внатрешна ревизија

Внатрешна ревизија

Годишен финансиски извештај
2022

Одделението за внатрешна ревизија ги врши следните работи:


-Работи врз основа на законот на јавна внатрешна финансиска контрола;
-Му одговара на директен начин на Градоначалникот на општина

  • врши проценка на усогласеноста на работењето на Општина Брвеницата со законите,
    подзаконските, интерните акти и договорите;
  • врши проценка на функционирањето на системот за внатрешна контрола;
  • врши оценување на значајните фактори на ризик и дава совети на Градоначалникот на
    општина Брвеница за нивно намалување;
  • обезбедува проверка на точноста, комплетноста и законитоста на сметководствената
    евиденција и финансиските извештаи на Општина Брвеницата;
  • врши проценка на економичноста, ефикасноста и ефективноста на работењето и
    користењето на средствата во дефинираната област на активности или програми на
    opштина;
  • врши проценка на соодветноста, економичноста, ефективноста и ефикасноста на
    системот за финансиско управување и контрола за утврдување, проценка и управување со
    ризиците;
  • дава препораки за подобрување на работењето и работните процедури на Општина
    Брвеницата,
  • изготвува и донесува стратешки и годишен план за внатрешна ревизија врз основа на
    објективна проценка на ризик, извршување на поединечни внатрешни ревизии согласно
    со усвоените ревизорски планови и следење на нивното спроведување;
  • изготвува извештаи од извршените ревизии;
  • подготвува Упатство за работа и Повелба за внатрешна ревизија;
  • го информира  Градоначалникот на општина Брвеница за постоење на конфликт на
    интереси при извршување на ревизорска задача;
  • го известува  Градоначалникот на општина Брвеница за неправилности или сомнежи за
    измами или корупција, кои можат да резултираат со кривична, прекршочна или
    дисциплинска постапка;
  • учествува во подготвувањето на Стратешкиот план на Општина Брвеницата и Планот за
    спроведување на Програмата за работа,
  • дава придонес при подготвувањето на Програмата за работа, Извештајот за работа на
    Општина Брвеница и подготвувањето на функционалната анализа и актите за внатрешна
    организација и систематизација на работните места во Општина Брвеница
  • изработува и применува процедури од делокруг на работа на одделението во рамките
    на Системот за менаџмент со квалитет согласно барањето на Стандардот ИСО 9001:2008


    Раководител на одделение за внатрешна ревизија

    Недиме Салаи
    vnatresna.revizija@brvenica.gov.mk