Општина Брвеница

Општина Брвеница — општина во северозападна Македонија. Центар на општината е селото Брвеница. Опшината опстојува како посебна од 1996 и опфаќа 10 села покрај Сува Гора. Населението на општината е претежно македонско и албанско.

Општината е формирана во 1996 година со Законот за територијална организација на Република Македонија. Пред 1996 година, територијата на општина Брвеница беше составен дел од општина Тетово. Брвеница е рурална општина и граничи со општините: Тетово, Боговиње, Желино, Гостивар, Врапчиште и Македонски Брод. Низ општината поминува реката Вардар. Покрај реката Вардар, значајни географски форми во општината се Полошката Котлина и планината Сува Гора, која се протега низ целата општина. Во рамките на општината е и дел од езерото Козјак.

Прочитај повеќе >>