Внатрешна ревизија

Годишен финансиски извештај
2023
2022
Извештај за работењето на одделение за даноци и администрирање
2023
Регистар на ризици
2025

Одделението за внатрешна ревизија ги врши следните работи:

  • Работи врз основа на законот на јавна внатрешна финансиска контрола;
  • Му одговара на директен начин на Градоначалникот на општина
  • врши проценка на усогласеноста на работењето на Општина Брвеницата со законите, подзаконските, интерните акти и договорите;
  • врши проценка на функционирањето на системот за внатрешна контрола;
  • врши оценување на значајните фактори на ризик и дава совети на Градоначалникот на општина Брвеница за нивно намалување;
  • обезбедува проверка на точноста, комплетноста и законитоста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи на Општина Брвеницата;
  • врши проценка на економичноста, ефикасноста и ефективноста на работењето и користењето на средствата во дефинираната област на активности или програми на oпштина;
  • врши проценка на соодветноста, економичноста, ефективноста и ефикасноста на системот за финансиско управување и контрола за утврдување, проценка и управување со ризиците;
  • дава препораки за подобрување на работењето и работните процедури на Општина Брвеницата,
  • изготвува и донесува стратешки и годишен план за внатрешна ревизија врз основа на објективна проценка на ризик, извршување на поединечни внатрешни ревизии согласно со усвоените ревизорски планови и следење на нивното спроведување;
  • изготвува извештаи од извршените ревизии;
  • подготвува Упатство за работа и Повелба за внатрешна ревизија;
  • го информира  Градоначалникот на општина Брвеница за постоење на конфликт на интереси при извршување на ревизорска задача;
  • го известува  Градоначалникот на општина Брвеница за неправилности или сомнежи за измами или корупција, кои можат да резултираат со кривична, прекршочна или дисциплинска постапка;
  • учествува во подготвувањето на Стратешкиот план на Општина Брвеницата и Планот за спроведување на Програмата за работа,
  • дава придонес при подготвувањето на Програмата за работа, Извештајот за работа на Општина Брвеница и подготвувањето на функционалната анализа и актите за внатрешна организација и систематизација на работните места во Општина Брвеница
  • изработува и применува процедури од делокруг на работа на одделението во рамките на Системот за менаџмент со квалитет согласно барањето на Стандардот ИСО 9001:2008

Раководител на одделение за внатрешна ревизија

Недиме Салаи
vnatresna.revizija@brvenica.gov.mk