Почитувани граѓани, oпштина Брвеница има електронско пријавување на мито и корупција. 

Анонимноста и дискрецијата на корисниците е важен услов за граѓаните да се охрабрат и да бидат наши сојузници во борбата против корупцијата.

Воедно, граѓаните ќе може да поднесат пријава анонимно по електронски пат преку веб страницата на oпштина Брвеница www.brvenica.gov.mk   или со испраќање e-mail на следнава адреса: opstina@brvenica.gov.mk

Целта на проектот „Пријави корупција“ е спречување и превенција на ризиците од корупција, како систем за ефикасна превенција во борбата против корупцијата.