Се известуваат граѓаните на Општина Брвеница дека ова е последен повик за да ги подмират долговите во однос на Данок на имот и Комунална такса пред извршување на присилна наплата. Со цел да не се создадат дополнителни трошоци за обврзниците кои не ги подмириле своите обврски, во постапка за присилна наплата, како и да се избегнат непотребни оптоварувања кои ќе произлезат од блокадите во банките, се ПОВИКУВААТ сите
граѓани да го подмират долгот по основ на данок на имот и комунална такса во најкус можен рок.


