Општина Брвеница ги известува граѓаните дека денес ќе се спроведе акција за перење на улиците во населените места на територијата на Општината.
Акцијата ќе се одвива според следниот распоред:
Радиовце – 17:00 часот
Стенче – 18:00 часот
Теново – 19:00 часот
Милетино – 20:00 часот
Челопек – 21:00 часот
Брвеница – 23:00 часот
Долно Седларце – 01:00 часот (по полноќ)
Останатите населени места ќе бидат опфатени со акцијата во понеделник, согласно оперативниот план.
За непречено одвивање на активностите, за акцијата е известена и Министерството за внатрешни работи (полицијата).
Се замолуваат граѓаните навремено да ги отстранат и да не ги паркираат своите возила на улиците каде што ќе се спроведува перењето, со цел непречено и ефикасно реализирање на активностите.
Ви благодариме за разбирањето и соработката.
Општина Брвеница







