Денес во Општина Брвеница се одржа седница на Локалниот совет за превенција, на која присуствуваа претставници на Министерството за внатрешни работи , Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, насионален Парк, јавни институции, месните заедници верски работниции други релевантни субјекти.
На состанокот се разговараше за повеќе актуелни прашања поврзани со подобрување на јавната безбедност, со посебен акцент на превенцијата од пожари на отворен простор, заштитата на животната средина, безбедноста во сообраќајот, заштитата на јавниот ред и мир, како и зајакнувањето на координацијата и соработката помеѓу сите надлежни институции.
Во конструктивна атмосфера беа разгледани актуелните состојби, разменети мислења и предлози, по што беа донесени соодветни заклучоци и препораки за понатамошно превентивно дејствување.
Општина Брвеница останува посветена на континуирана соработка со сите институции и активно преземање мерки кои ќе придонесат за поголема безбедност, сигурност и подобар квалитет на живот за сите граѓани.






