На територијата на општина Брвеница се основани 3 основни централни училишта со 8 подрачни училишта.Вкупниот број на ученици изнесува 1302 распоредени во 105 паралелки.Наставата се изведува на Македонски и Албански наставен јазик.Училишните објекти ги исполнуваат условите за нормално одвивање на воспитно – образовниот процес.
Наставниот кадар е соодветен освен во ПОУ “Гоце Делчев” с.Гургурница каде поради несоодветните услови нема интерес од соодветен кадар.