На 3ти декември, Амбасадорот Хиронори Савада учествуваше на церемонија за потпишување на проект во Општина Брвеница, заедно со Градоначалникот на Брвеница г. Јовица Илиевски и директорот на Општинското јавно претпријатие „Вардар“, г. Мирослав Андриески.
Амбасадорот Савада и градоначалникот Илиевски го потпишаа вториот грант договор за 2021 година за „Проект за обезбедување на Општина Брвеница со комунално возило”.
Преку овој проект Јапонија ќе обезбеди ново комунално возило за општината во износ од 67.026 евра.










