Политика за приватност

Општина Брвеница

Оваа политика за приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате веб – страната на Општина Брвеница https://brvenica.gov.mk/.

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е Општина Брвеница со седиште во Брвеница, Република Северна Македонија.

Контакт информации:
Тел: 044/456-015
Е-маил: opstina@brvenica.gov.mk

Градоначалник: г. Јовица Илиевски
Е-маил: gradonacalnik@brvenica.gov.mk

Кабинет на градоначалник: kabinet@brvenica.gov.mk
Е-маил за дијаспора: dijaspora@brvenica.gov.mk

Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци.

Податоци кои подлежат на собирање

Податоци на посетители на страната https://brvenica.gov.mk, односно податоци за навигација (види подолу) кои се користат за анализирање на посетите и за одржување на безбедноста на веб-страницата.

Лица кои доставуваат барања, прашања или други поднесоци до Општина Брвеница преку веб-страницата, електронска пошта или други канали.

Категории на податоци кои се обработуваат

1. Податоци за навигација

При посетата на интернет страната, серверот за секој посетител автоматски креира логови со следниве податоци:

  • IP адреса
  • Уред од кој пристапувате, вид и модел
  • Оперативен систем
  • Вид на интернет пребарувач, plugins и верзија
  • Страници кои ги посетувате и времето на задржување
  • URL на страницата која ве упатила
  • Јазик на пребарувачот
  • Држава од која пристапувате (врз основа на IP адреса)

Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен во случаи кога е потребно подолго чување заради безбедносни причини.

Општина Брвеница ги одржува серверите и обработката на овие податоци интерно или преку ангажирани обработувачи согласно закон.

2. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат

Личните податоци кои се прибираат се оние кои вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би се овозможило остварување на надлежностите на општината.

Пример:

  • Име и презиме
  • Адреса
  • Контакт телефон
  • Е-маил адреса
  • Содржина на порака или барање

Како ги собираме личните податоци

Личните податоци се собираат преку:

  • Користење на веб страната (контакт форми, барања)
  • Е-маил комуникација (opstina@brvenica.gov.mk и други службени адреси)
  • Писмена комуникација (пошта)

Категории на корисници на лични податоци

Општина Брвеница не споделува лични податоци со трети лица, освен во следните случаи:

  • При ангажирање на надворешни даватели на услуги (обработувачи), кои се обврзани да постапуваат согласно закон и инструкции на општината
  • По барање на надлежни органи (суд, полиција или други институции), кога постои законска обврска

Време на чување на собраните податоци

Податоците се чуваат во согласност со закон и онолку долго колку што е потребно за исполнување на целите за кои се собрани.

Роковите за чување се утврдени согласно важечките прописи и интерни акти на Општина Брвеница.

Кои се Вашите права?

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење
  • право на ограничување на обработката
  • право на приговор

За остварување на вашите права можете да не контактирате на:
📧 opstina@brvenica.gov.mk

Исто така, имате право да поднесете претставка до Агенцијата за заштита на личните податоци.

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност ќе се ажурира согласно промените во законската регулатива и активностите на Општина Брвеница.

Сите измени ќе бидат навремено објавени на веб-страницата.