Skip to content
Home » Новости » Донација од Јапонија – За квалитетни комунални услуги

Донација од Јапонија – За квалитетни комунални услуги

Донација од Јапонија за помош на Општина Брвеница да обезбеди квалитетни комунални услуги.На 3ти декември, 2021 година, Градоначалникот на Брвеница, г. Јовица Илиевски и Амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Хиронори Савада, потпиша грант договор во 2021 година, во рамки на јапонската GGP-грант програма за мали проекти за човекова безбедност во Република Македонија, чија цел е подобрување на основните човекови потреби.Церемонијата за потпишување на грант договорот ја отвори Градоначалникот на Брвеница, г. Јовица Илиевски, а учествуваа Н.Е. Амбасадорот на Јапонија, г. Хиронори Савада, заедно со директорот на Општинското јавно комунално претпријатие „Вардар“, г. Мирослав Андриески, во Брвеница.Проектот за обезбедување на Општина Брвеница со комунално возило во износ од 67.026 евра; има за цел да го подобри квалитетот на комуналните услуги за граѓаните. Новото комунално возило обезбедено од администрацијата на општина Брвеница ќе му овозможи на општинското јавно комунално претпријатие да пристапи и до поодалечените села во општината со цел да обезбеди одлагање на отпадот.