Skip to content
Home » Новости » Отчет на градоначалникот на општина Брвеница

Отчет на градоначалникот на општина Брвеница

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, почитувани гости

Свесен за предизвиците и очекувањата на граѓаните, од првиот работен ден во општина Брвеница, започнав амбициозно и посветено со цел исполнување на се она што сум го ветил во програмата.
Соочен со долг од 1.418.000,00 евра, милионски побарувања без соодветна постапка и документација, приклучоци во канализациона мрежа без договори, постапки без правилници, штетни договори и произволни одлуки, за денес, после само 100 дена воведени се и во примена Правилници и Одлуки со кои користењето и употребата на средствата, движните и недвижните ствари на општината ќе се користат само за унапредување на условите за живот, образование и работа во општина Брвеница.
Отчетот е доблесна работа и одлика на сериозни луѓе кои го почитуваат својот народ и претставува одговор на довербата која ја добиле и потврда за извршениот изборот.

Со подршка од вработените во општина Брвеница а во соработка со месните заедници и жителите на општина Брвеница, во изминативе 100 дена работевме на:

  • РАСЧИСТУВАЊЕ НА СИТЕ ДЕПОНИИ;
  • Исчистени депониите во: Горни Челопек, Долни Челопек, Милетино, Теново, околу салата во Брвеница и каналот во Брвеница.
  • ИЗГРАДБА НА ЛЕТНА СЦЕНА
  • Потпишан е анекс на договор за партерно уредување на центарот на Брвеница за пролонгирање на рокот за изведба и отстранети се сите недостатоци од договорот, започнавме со градежни работи за партерно уредување на центарот на Брвеница со детско игралиште, амфитеатар, фонтана, патеки и зелен појас со садници. Вкупна вредност 8.594.735,00 денари без ДДВ
  • КОНТАКТ ЦЕНТАР ЗА ДИЈАСПОРА;
  • Поставен е посебен линк на новата веб и фб страна на општината само за иселеници dijaspora@brvenica.gov.mk
  • ПАРИЧНА ПОМОШ ЗА СЕКОЕ НОВОРОДЕНО ДЕТЕ ВО ОПШТИНАТА И ЗА ПРВАЧИЊАТА
  • Се донесе Одлуката за еднократна помош на семејства со новороденче кои се со живеалиште на подрачјето на општина Брвеница
  • До денес издадени се 6 Решенија за еднократна помош на семејства со новороденче, поточно за:
    Марио, Миа, Акин, Зејна, Акса и Јован
  • Се донесе Одлуката за еднократна помош за набавка на училишен прибор на семејства со прваче во ОУ на подрачјето на општина Брвеница
  • ИЗГРАДБА НА МИНИ ПАРКОВИ ЗА ДЕЦА
  • Во фаза на тендерирање е изградба на инклузивни детски игралишта во с. Брвеница и с. Челопек. Вкупна вредност 3.000.000,00 денари

-ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛИ

  • Се донесе Одлуката за организирање на ,,Фистивал на Јаболко”, ,,Фестивал за иселениците”, ,,Волковски средби” ,,Меморијален турнир во фудбал” во Општина Брвеница и ,,Фестивал Гургурница,,
  • МОДЕРНИЗАЦИЈА, ПРОШИРУВАЊЕ И ПОДОБРУВАЊЕ НА МРЕЖАТА ЗА УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО СИТЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА
  • Во тек се преговори со приватниот партнер од Договорот за ЈПП за јавно осветлување на општина Брвеница за со анекс на договорот да се прошири со уште 400 штедливи светилки од постоечките 1865 светилки.
  • Заменети се сите светилки кои не светат или трепкаат
  • МОДЕРНИЗАЦИЈА, ПРОШИРУВАЊЕ И ПОДОБРУВАЊЕ НА МРЕЖАТА ЗА СОБИРАЊЕ НА ОТПАД ВО СИТЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА
  • Приватниот партнер од Договорот за ЈПП – концесија за собирање на отпад во општина Брвеница, има обврска да го собира отпадот во сите села во општина Брвеница од декември 2021 година.

  • ВРАЌАЊЕ ВО ФУНКЦИЈА НА ФУДБАЛСКИОТ СТАДИОН ВО БРВЕНИЦА
  • Започнати се работи за подготовка за садење на нова трева, дренажа и наводнување на фудбалскиот стадион.
  • ВРАЌАЊЕ ВО ФУНКЦИЈА НА СПОРТСКАТА САЛА ,,КОСТА РАЦИН” ВО БРВЕНИЦА
  • Завршени се молеро-фарбарските работи во спортската сала, поправка и реконструкција на водоводот, поправка на сите врати и санација на електричната инсталација а во тек е набавка на нови столчиња и чистење на спортската сала.
  • Донесен е Правилник за постапката, начинот и условите за користење на спортската сала ,,Коста Рацин” во с. Брвеница
  • ПОРИБУВАЊЕ
  • Извршено е порибување со речна пастрмка на риболовен ревир Вардар 2 Тетовски
  • ИЗРАБОТЕНА НОВА ВЕБ И ФЕЈСБУК СТРАНА НА ОПШТИНА БРВЕНИЦА
  • https://brvenica.gov.mk https://www.facebook.com/opstinabrvenica
  • ВОВЕДЕН Е РЕГИСТАР НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА КОИ ВРШАТ УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ
  • Со Заклучокот а согласно Законот за угостителска дејност, општина Брвеница ќе започне со водење на Регистар на физички лица кои вршат угостителска дејност (издавање на куќи, станови и соби)
  • ИЗГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАТИШТА КОИ ЌЕ ЗАПОЧНАТ
  • Во фаза на тендерирање е реконструкција на обиколница со асфалт во с.Челопек (од центар до гробиштата)
  • Во фаза на тендерирање е изградба на улица 1 со асфалт со краци 1, 2, 3 и 4 во с. Радиовце (поречко маало)
  • Во финална фаза е проектирањето на реконструкција на пат со асфалт на улица Дубрава со краци 1, 2 и 3 во с. Брвеница
  • Во финална фаза е проектирањето на Реконструкција на пат со асфалт во с. Нов Челопек (марски дол)

  • ИСПЛАТЕНИ СРЕДСТВА ПО ОСНОВ НА ПРАВО ОД РАБОТЕН ОДНОС
  • За прв пат исплатен регрес за годишен одмор за вработените во општина Брвеница
  • Исплатени јубилејни награди
  • Исплатени отпремнини на пензионирани вработени во општината и основните училишта
  • Исплатени надоместоци согласно закон за извршување на буџет
  • ДОГРАДБА НА ОПШТИНСКА ЗГРАДА
  • Во фаза е изработка на идеен план за доградба на општинската зграда со шалтери на приземје и пристап за лица со попреченост

  • ИЗРАБОТЕНИ И ДОНЕСЕНИ СЕ ПРАВИЛНИЦИ, ПРОГРАМИ И ОДЛУКИ И ТОА:
  • Правилник за работен ред и дисциплина и етички кодекс на однесување на вработените во општина Брвеница
  • Правилник за начинот на користење и одржување на службените возила и работните машини сопственост на општина Брвеница и општинско јавно претпријатие ,,Вардар”
  • Правилник за користење на средствата за репрезентација на општина Брвеница и општинско јавно претпријатие ,,Вардар”
  • Правилник за користење на службени мобилни телефони во општина Брвеница
  • Програма и Одлука за утврдување на потреба за поставување на урбана опрема и за условите, начинот и постапката за издавање на одобрение за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Брвеница
  • Одлука за изработка на основен сообраќаен проект за забавување на сообраќајот на патиштата на подрачје на општина Брвеница
  • Изменет е Правилникот за систематизација на работните места во градинката ,, СОНЦЕ-ДИЕЛИ” с. Брвеница и додадено е звање стручен работник со назив на работното место дипломиран дефектолог.
  • ЗИМСКО ОДРЖУВАЊЕ НА ПАТИШТАТА
  • Редовно се одржуваа патиштата во надлежност на општина Брвеница
  • Итно е заменет кровот во подрачното училиште во с. Гургурница после хаваријата настаната од силниот ветер во февруари оваа година.

ПОГОЛЕМИ ПРОЕКТИ НА ОПШТИНА БРВЕНИЦА КОИ СЕ ПЛАНИРАНИ ЗА 2022 ГОДИНА

  • Бушотини за вода (бунари) во с. Милетино и с. Брвеница
  • Набавка на школски автобус
  • Изградба на помали улици со бехатон плочки и
  • Проширување на канализационата мрежа