Skip to content
Home » Новости » АНКЕТА ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА НАВИКИТЕ ЗА ПАТУВАЊА ВО ПОЛОШКИОТ РЕГИОН

АНКЕТА ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА НАВИКИТЕ ЗА ПАТУВАЊА ВО ПОЛОШКИОТ РЕГИОН

АНКЕТНА ФОРМА

Почитувани граѓани на полошкиот регион

Планирањето на одржлива урбана мобилност претставува нов концепт за стратешко планирање на урбаниот транспорт во градовите кое е базирано на визија и со фокус на луѓе и места, а се применува заради подобрување на ефикасноста на транспортната мрежа, намалување на влијанието од сообраќајот врз животната средина, осигурување на пристапни транспортни опции за сите граѓани, осигурување на безбедност во урбаниот транспортен систем и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

За идното планирање на урбаниот транспортот во градот неопходно е да се познаваат навиките и однесувањето при патувањата на граѓаните. За таа цел неопходно е да се спроведе истражување на сегашната ситуација со урбаната мобилност заради идно планирање на мерките во согласност со потребите за патување.  Тоа може да значи планирање на нови линии на јавен превоз, планирање на нови велосипедски патеки, планирање на нови пешачки зони итн.

Преку ова истражување ќе се добијат статистички податоци за навиките на патување, користењето на различните видови на транспорт како и ставови односно мислења на граѓаните во врска со политиките за урбаниот транспорт, сообраќајната инфраструктура и транспортната услуга. Тоа на локалните власти ќе им обезбеди потребни информации кои ќе им помогнат во донесување на одлуки во однос на мерките кои треба да се преземат за подобрување на урбаната мобилност и квалитетот на живот на граѓаните.

Без оглед на вашата возраст, дали сте вработен, студент или моментално не сте вработен, вие некогаш патувате во градот. Дури и ако вашите патувања се во мал број вашето мислење во врска со урбаниот транспорт е важно и е од големо значење. Анкетата за истражување на урбаната мобилност е целосно анонимна. Вашето име не е потребно, а вашите одговори не интересираат во само својство на статистички податок.

Доколку имате проблеми, прашања или сугестии може да не контактирате на sumppoloski@gmail.com.

Ви благодариме за учеството во анкетата и вашиот придонес во планирањето на одржлива урбана мобилност.