Skip to content
Home » Новости » ПРОЕКТИ ЗА РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ

ПРОЕКТИ ЗА РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ

Со особено задоволство ги најавувам двата нови проекти од програмата за регионален рамномерен развој доделени на Општина Брвеница.

Со директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи денес потпишав договор за проект изграба на две нови улици во населеното место Долно Седларце

Проектот е во рамките на повикот на Бирото за регионален развој, за развој на урбаните подрачја, одржлив и урбан развој, развој на подрачја со специфични развојни потреби и развој на селата.

Општина Брвеница е една од избраните општини во Полошкиот плански регион, според рамномерната застапеност на национално ниво, со два проекти.