Skip to content
Home » Новости » ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА ФОРУМ

ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА ФОРУМ

Ги покануваме жителите да учествуваат на Буџетски форум кој се спроведува од страна на општина Брвеница.

На форумските сесии присутните преку своето учество ќе имаат можност да се запознаат и да
дискутираат за реализацијата на буџетот на општина Брвеница за тековната 2022, но и да даваат
предлози за планирање на буџетот за следната, 2023 година. Воедно присутните ќе имаат можност да
предлагаат, дискутираат и одлучат кои се приоритетни програми и проекти од буџетот за подобар
развој на општината.

Првата форумска сесија ќе се одржи на 03 ноември 2022 година (Четврток) со почеток во
11:00 часот во просториите на сала во ОУ „7 Марси” с. Нови Челопек, општина Брвеница.

Присуството на жителите, здруженијата на граѓани и претставниците на институциите, како и
нивното активно учество на сесиите ќе биде од особено значење за успешно спроведување на
буџетскиот форум и ќе даде голем придонес за креирање на буџетот на општина Брвеница.

Дневен ред: Линк