Почитувани,
Општина Брвеница согласно насоките добиени од страна на Министерството за финансии, а врз основа на Законот за Буџети и Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа го започна процесот на изработка на нацрт-буџетот за 2023 година.
Со цел да се активираат жителите во процесот на креирање на буџетот на општината и да се алоцираат средствата во согласност со нивните потреби, креиран е прашалник преку кои жителите ќе можат да партиципираат во утврдување на приоритетите во Буџетот на Општина Брвеница за 2023 година.
Прашалникот се состои од неколку кратки прашања и истиот нема да ви одземе повеќе од 10 минути.
Општина Брвеница однапред Ви се заблагодарува за Вашето одвоено време.
Овде можете да го пополните прашалникот: https://forms.gle/4Yxqeb5jdQLsnHJ96