Ги покануваме жителите да учествуваат на Буџетски форум кој се спроведува од страна
на општина Брвеница.
На форумските сесии присутните преку своето учество ќе имаат можност да се запознаат и да
дискутираат за реализацијата на буџетот на општина Брвеница за тековната 2022, но и да даваат
предлози за планирање на буџетот за следната, 2023 година. Воедно присутните ќе имаат можност да
предлагаат, дискутираат и одлучат кои се приоритетни програми и проекти од буџетот за подобар
развој на општината.
Третата форумска сесија ќе се одржи на 30 Ноември 2022 година (Среда) со почеток во
11:00 часот во просториите на сала во ОУ „7 Марси” с. Нови Челопек, општина Брвеница.
Присуството на жителите, здруженијата на граѓани и претставниците на институциите, како и
нивното активно учество на сесиите ќе биде од особено значење за успешно спроведување на
буџетскиот форум и ќе даде голем придонес за креирање на буџетот на општина Брвеница.