Skip to content
Home » Новости » ПРАШАЛНИК ЗА СОБИРАЊЕ ПРЕДЛОЗИ ЗА БУЏЕТ НА ОПШТИНА БРВЕНИЦА ЗА 2023 ГОДИНА

ПРАШАЛНИК ЗА СОБИРАЊЕ ПРЕДЛОЗИ ЗА БУЏЕТ НА ОПШТИНА БРВЕНИЦА ЗА 2023 ГОДИНА

Почитувани,

Општина Брвеница согласно насоките добиени од страна на Министерството за финансии, а врз основа на Законот за Буџети и Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа го започна процесот на изработка на нацрт-буџетот за 2023 година.

Со цел да се активираат жителите во процесот на креирање на буџетот на општината и да се алоцираат средствата во согласност со нивните потреби, креиран е прашалник преку кои жителите ќе можат да партиципираат во утврдување на приоритетите во Буџетот на Општина Брвеница за 2023 година.

Прашалникот се состои од неколку кратки прашања и истиот нема да ви одземе повеќе од 10 минути.

Општина Брвеница однапред Ви се заблагодарува за Вашето одвоено време.

Овде можете да го пополните прашалникот: https://forms.gle/4Yxqeb5jdQLsnHJ96