Денеска, во општина Брвеница се одржа третата сесија на Буџетскиот Форум.
Беа презентирани Програмите што треба да се реализират во наредната година 2023 год како и Предлог Проектите кои ќе се реализират во идните буџети.  

Граѓаните во втората сесија на форумот ги предлага Програмите за 2023 година, истите се одобрија од градоначалникот на општина Брвеница и од раководителите на секторите и раководителите на одделениа:

• НАО Капитални расходи за основно образование

• V10 Детски градинки

• Ф1 Уранистичко планирање

• Ј8 Други комунални услуги

• ЈД Изградба и реконструкција на локални патишта, улици и мостови

• ЈИ Изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води

Во третата сесија граѓаните гласа за Програмите и Предлог проектите.

Сите програми и предлози се разгледани детално и истите имаат социјална инклузија и родова еднаквност 

Предлог проектите:

1.Реконструкција на подрачното училиште С.Милетино,  С.Долно Седларце,  С.Теново и С.Челопек (врати, прозори, подови, проектор, електронски табли, тоалети)

2.Средства за спортска опрема за подрачното училиште Гоце Делчев С.Теново

3.Изградба на кошаркарски и одбојкарско игралиште во склоп на училиштето во С.Брвеница

4.Агрегат за потребите на градинката СОНЦЕ во С.Брвеница и три телевизори за потребите на децата

5.Да се предвидат средства за планска документација за проширување на индустриско-развојната зона

6.Достава на поголеми контејнери за отпад и кабаст отпад во општина Брвеница

7.Асфалтирање на патот ог гробиштата до патот на излез кај Медидент

8.Изградба на улици во С.Брвеница кои се уште се со калдрми 

– ул. Бродска, Браќа Стевановиќ крак 1,2,3,

– Ул. Браќа Јаниќ крак 1,2

– Ул. Маршал Тито крак 1,2,3

– Ул. Вардраска и Ул. Гоце Делчев

9. Канализација во С.Брвеница во улиците:

– Ул. Пролетарска

– Ул. Партизанска

– Ул. Дубрава крак 1,2

– Ул.Браќа Јаниќ крак 1,2

Канализација во С.Долно Седларце главна улица крак 1 и 2