Општина Брвеница ги известува граѓаните и фирмите дека ќе пристапи кон реализација на решенијата за забрана на користење на средства неплатени обврски кои не се подмирени по основ на данок на имот .
Со цел да не се создадат дополнителни трошоци за обврзниците кои не ги подмириле своите обврски, во постапка за присилна наплата, како и да се избегнат непотребни оптоварувања кои ќе произлезат од блокадите во банките, потребно е сите со неплатени обврски по основ на данок на имот за 2019 и 2020 година и постари, да ги подмират во најкраток можен рок, а најдоцна до 31.01.2023 година.
За сите прашања и информации сите физички и правни лица можат да се обратат до одделението за даноци на имот на следните телефонски броеви 044/455-015, 070/295-241, 070/665-070, како и на следните е-маил адреси:
opstina @brvenica.gov.mk
dashmire.ziberi@hotmail.com
rexhije.bajrami@hotmail.com
Општина Брвеница освен со оваа Јавна објава, сите должници ќе ги објави во огласна табла на општината а со тоа ги ПРЕДУПРЕДУВАМЕ странките дека после 01.02.2023 година ќе се
смета дека истите биле Уредно информирани, предупредени и е извршена уредна достава на ОПОМЕНИ а со тоа сите негативни последици кои можат да настанат ги сноси самата странка.

Документ