Skip to content
Home » Новости » ПОСЛЕДЕН ПОВИК ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ДАНОК НА ИМОТ И КОМУНАЛНА ТАКСА ПРЕД ПРИСИЛНАНАПЛАТА

ПОСЛЕДЕН ПОВИК ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ДАНОК НА ИМОТ И КОМУНАЛНА ТАКСА ПРЕД ПРИСИЛНА
НАПЛАТА

Се известуваат граѓаните на општина Брвеница дека ова е последен повик за да ги подмират
долговите во однос на Данок на имот и Комунална такса пред извршување на присилна наплата.
Со цел да не се создадат дополнителни трошоци за обврзниците кои не ги подмириле
своите обврски, во постапка за присилна наплата, како и да се избегнат непотребни
оптоварувања кои ќе произлезат од блокадите во банките, се ПОВИКУВААТ сите
граѓани да го подмират долгот по основ на данок на имот и комунална такса во најкус
можен рок.