Почитувани,
Би сакале да ве поканиме на јавна дебата на тема “Енергетската ефикасност, родовата
рамноправност и одржливиот развој во општина Брвеница” која ќе се одржи на ден
15.02.2023 со почеток од 13:00 во просториите на Општина Брвеница. Учесници на дебатата
ќе бидат претставници од општината, Здружение ЦИРЗ Тетово, тимот „Низ женски леќи“,
локалните граѓански организации како и пошироката јавност.
Во периодот Март 2022-Септември 2023 граѓанската организација Здружение Центар за
Иновации за Развој на Заедницата (ЦИРЗ) Тетово го имплементира проектот „Родово
буџетска анализа на програмата за активностите на Општина Брвеница во областа на
локалниот економски развој- Програмата за Енергетска Ефикасност на Општина
Брвеница„ а во рамки на програмата за подгрантисти на проектот „Низ женски леќи:
покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните
акциски планови за родова еднаквост “.
Локалните дебати во голема мера ќе придонесат за поголема транспарентност на процесот
на родово одговорно буџетирање од страна на локалните самоуправи, но и ќе им овозможат
на граѓанските организации да ги претстават своите модели на политики и препораки. На
овој начин, на граѓаните ќе им се даде можност да учествуваат во процесот на донесување
одлуки и во следењето на спроведувањето на овие политики. Јавните дебати се одржуваат
во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи,
следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“
финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Центарот за истражување и креирање
политики, Лулуди, Рурална Коалиција, Новинари за човекови права и ЕХО-Штип ќе го
организира.
Со почит,
Здружение ЦИРЗ Тетово
Тимот на „Низ женски леќи“