Успешен почеток на кампањата „Потпис: Искрено Ваш/а социjaлен работник/социјална работничка“! Ја започнавме на првиот ден од месец јуни, кој воедно е Меѓународен ден на децата (#InternationalChildren’sDay) и Глобален ден на родителите (#GlobalDayofParents).
Нашата колешка Магдалена Веселиноска одржа успешна средба со претставници и претставнички на градинка, основно училиште, организации од општина Брвеница и претставници од Единицата на локална самоуправа – Општина Брвеница во просториите на Единицата на локална самоуправа – Општина Брвеница. Голема благодарност до Магдалена за ангажманот и на сите учесници за успешната средба! Голема благодарност и до ЕЛС Општина Брвеница за соработката!
Нашата Магдалена Веселиноска на средбата со засегнатите страни од општина Брвеница презентираше и ги информираше учесниците за:
* улогата на социјалните работници и социјалните работнички во стручната работа со деца и семејства
* улогата на социјалните работници во образование
* превентивна социјална работа – заштита и спречување на врсничко насилство
* врсничко насилство и стручна социјална работа.
На средбата се спроведе и успешна дискусија за:
*Идентификувани проблеми и ризици во општина Брвеница?
*Предлог активности за надминување на идентификуваните проблеми и ризици?
*Предлог активности за вклучување на социјалните работници на локално ниво?
*Очекувани промени од можните активности?
По завршувањето на кампањата „Потпис: Искрено Ваш/а социjaлен работник/социјална работничка“, Здружението на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, ќе ги сумира сите наоди, идеи и препораки за соработка од дискусиите во еден документ, како резултат на сите спроведени средби и активности; документот ќе биде јавно објавен и споделен.
Кампањата ја спроведуваме во рамки на годишниот организациски план на активности на Здружението на социјалните работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје.
ПРОДОЛЖУВАМЕ ПОНАТАМУ! СЛЕДЕТЕ НÈ!