Општина Брвеница како носител на процесот за изработка и спроведување на Локален Еколошки
Акционен План 2023-2029, воспоставува партнерство со сите заинтересирани страни во процесот,
меѓу кои и јавноста како партнер.
Целта е, да се добие мислењето од јавноста, која ќе има можност да ги изрази своите мислења,
забелешки и предлози, за да истите се земат во предвид во креирањето на еколошките мерки и
решенија, при изготвувањето на стратешкиот еколошки акционен план.
Заради проценка на моменталната состојба на животната средина, дефинирање и презентација
на еколошките проблеми со кои се соочуваат граѓаните во местото на живеење, Одделението за
животна средина изготви Анкетен прашалник, кој електронски за пополнување ќе биде
достапен од 08 – 15.06.2023 год.
Вашето мислење ќе ни биде од исклучително значење, во насочување на општина Брвеница во
креирањето на стратешки еколошки планови и програми, се со цел, обезбедување квалитетни
услови за заштита и унапредување на животната средина за граѓаните на општина Брвеница.
Ви благодариме!