Skip to content
Home » Новости » Меморијален Турнир во фудбал “Брвеница 2023“

Меморијален Турнир во фудбал “Брвеница 2023“

Во чест на:
-Косте Симовски од с.Седларце
-Божидар Стаматоски од с.Брвеница
-Трајан Милошески од с.Брвеница
-Бесјан Јашари од с.Челопек
-Хаки Изаири од с.Милетино
-Ибрахим Беќири од с.Теново

Општина Брвеница, од 22 до 25 јуни ќе организира турнир во мал фудбал на стадионот во село Брвеница.
Учесници ке бидат 10 тимови од секое населено место од општина Брвеница со деца не постари од 14 години.
Општина Брвеница ке додели медали за сите учесници, плакета на семејствата од фудбалерите во чие име се организира турнирот и признание на поранешни истакнати фудбалери кои допринеле за развој на фудбалот.
Воедно ги повикуваме сите граѓани да присуствуваат на турнирот каде што после финалето ќе има свечено доделување на наградите и коктел.