Skip to content
Home » Новости » ПОЛУМАТУРАНТИ 2022/2023

ПОЛУМАТУРАНТИ 2022/2023

Почитувани ученици, почитувани наставници, почитуван родители, почитувани присутни

Особена чест ми е што денес сум заедно со Вас и што имам можност заеднички да ја споделиме радоста за Вашиот успех при заокружувањето на првиот дел од Вашето образование.
Како Градоначалник а во соработка со Советот и раководството на Вашето училиште, несебично се обидовме да Ви го разубавиме овој ден и на свечен начин да Ви ги доделиме Свидеителствата за да имате траен спомен од општина Брвеница. На првенците на генерацијата им доделуваме парична награда и Признание за да им докажеме дека нивниот труд е видлив и сите ние Ви се поклонуваме за остварените резултати.
Почитувани Полуматуранти,
Убава работа кај учењето е тоа што никој не може да Ви го одземе а Знаењето е моќ и вашиот ум е оган кој треба да се разгорува.
Ви честитам и Ви посакувам многу успех во понатамошното образование а нас останатите присутни денес, ќе не направите радосни и најсреќни доколку Вие сте образовани, успешни и моќни.
ЧЕСТИТКИ И СО СРЕЌА