Skip to content
Home » Новости » ИЗВЕСТУВАЊЕ

ИЗВЕСТУВАЊЕ


Почитувани жители на с.Милетино,
Ве известуваме дека Дирекцијата за заштита и спасување позитивно одговори на барањето на Општина Брвеница за воздушна поддршка за гасење на пожар кој денес околу 11:00 часот ја зафати боровата шума блиску црквата Св.Петка во с.Милетино.
Во воздушното гасење учествуваа три ‘ер трактори’ на ДЗС кои интервенираа 24 пати и еден хеликоптер на МВР со 12 интервенции. Покрај воздушната подршка во гасењето на пожарот учествуваа и ТППЕ Тетово, ПС Жеровјане, ЈП Национални шуми “Лешница” Тетово и ЦУК.
Општина Брвеница им се заблагодарува за соработката и помошта на сите кои учествуваа во гасење на пожарот а воедно АПЕЛИРА до граѓаните да бидат крајно внимателни за избегнување на сите можни извори на пожар.