Skip to content
Home » Новости » JАВНО НАДДАВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО НЕИЗГРАДЕНО ЗЕМЈИШТЕ

JАВНО НАДДАВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО НЕИЗГРАДЕНО ЗЕМЈИШТЕ

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со Локална урбанистичка планска документација за с.Волковија, општина Брвеница, одобрено со Решение бр.14-98/2017 од 15.12.2023 година, со  намена за изградба на А1- домување во станбени куќи, согласно Табеларен преглед 1, во кој се дадени податоци за градежните парцели, намената на градежните парцели, вкупната површина на градежните парцели,  површина за градење, вкупна изградена површина, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, почетна цена по м², вкупна почетна цена и банкарска гаранција за учество на електронско  јавното наддавање.

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на јавното електронско наддавање имаат:

1. Физички лица: државјани на Република Северна Македонија, државјани на држави членки на Европската Унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската Унија и на ОЕЦД а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Северна Македонија.

2. Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен  регистар на Република Северна Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на Европската Унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на Европската Унија и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Северна Македонија.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат Пријава за учество на јавното наддавање по електронски пат преку информацискиот систем поставен на интернет страницата www.gradezno-zemjiste.mk, со пополнување на електронски образец кој го потпишува со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач а за секоја градежна парцела поединечно, во која е наведено за секоја парцела се однесува самата пријава и кои документи се составен дел на пријавата, комплетирана со следните докази (приложени во електронска форма во оригинал или фотокопии заверени во нотар и потпишани со дигитален потпис и полномошно на носителот на дигиталниот потпис заверено на нотар и потпишано со дигитален потпис):

  1. Пријава од подносителот, во која се наведени податоци за која градежна парцела се однесува истата и за подносителот на пријавата, како и што се доставува во прилог на пријавата (кои документи) потпишана дигитално.
  2. Банкарска гаранција за сериозност на понудата во износ даден во табеларен преглед ( да се наведе број на оглас и број на градежна парцела) со рок на важност до 20.12.2024 година, со која понудувачот ќе гарантира дека доколку добие статус на најповолен понудувач ќе ја уплати крајно постигната цена за отуѓување на градежното земјиште на електронско јавно наддавање во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор на најповолен понудувач.

Банкарската гаранција освен по електронски пат, треба да се достави и во оригинална хартиена форма преку архивата на општината до Комисијата за јавно наддавање, во затворен коверт со назнака на објавата и задолжителна напомена ,,Не отварај, се до рокот определен за поднесување на пријавата заклучно со 14.02.2024 година до 16:00 часот;

  • За физичките лица уверение за државјанство, не постаро од 6 (шест) месеци;
  • За правните лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар (тековна состојба) не постара од 30 (тридесет) дена;
  • Уредно полномошно за полномошникот што го претставува правното лице, заверено во нотар, односно доказ за својството овластено одговорно лице на правното лице;
  • e-mail адреса на подносителот на Пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничко име и шифра за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање (за подносителите на Пријави кои ќе достават погрешна е-маил адреса, Општина Брвеница ќе нема обврска да прима и врши корекции на истата).
  • Изјава за прифаќање на условите во објавата за секоја градежна парцела поединечно заверена во нотар и потпишана со дигитален потпис.

-Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на електронското јавно наддавање за што подносителите на некомплетни пријави ќе бидат електронски известени.

-Подносителот на Пријавата задолжително треба да располагаат со дигитален сертификат (потпис) за да можат да поднесат пријава за учество во јавно надавање и да учествуваат на истото.

-Доколку учесникот е заинтересиран за повеќе од една градежна парцела, се пополнува поединечна пријава за секоја градежна парцела, за што се доставува и посебна банкарска гаранција за сериозност на понудата.

ПОЧЕТНА ЦЕНА

Почетна цена на електронското јавно наддавање за градежните парцели наведени во Табеларниот преглед 1, за намената А1-Домување со станбени куќи изнесува 61,00 денари од метар квадратен (м2).

БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА

Банкарската гаранција за сериозност на понудата за секоја градежна парцела е утврдена согласно Табеларниот преглед 1 даден во ова објава и изнесува 200%, но не помалку од 30.000,00 денари од вкупната почетна цена за градежното земјиште за секоја градежна парцела посебно, со рок на важност до 20.12.2024 год. Банкарската гаранција во електронска форма се доставува заедно со пријавата и истата да се достави во оргинална хартијена форма, во архива на Општина Брвеница до комисија за јавно наддавање, во затворен коверт со назнака на објавата и задолжителна напомена ,,Не отварај, се до рокот определен за поднесување на пријавата заклучно со 14.02.2024 година до 16:00 часот;

РОКОВИ

Пријавите за учество на јавното наддавање за градежните парецели во табеларниот преглед 1 можат да се достават до 14.02.2024 година до 23:59 часот по електронски пат на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk.

Јавното наддавање ќе се оддржи електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk.

1.Јавното надавање за ГП бр.14 ред.бр.1, таб.прег.1, ќе започне на 16.02.2024 год., во 9:00 часот и истото ќе трае 15 минути

2.Јавното надавање за ГП бр.15 ред.бр.2, таб.прег.1, ќе започне на 16.02.2024 год., во 9:45 часот и истото ќе трае 15 минути

3.Јавното надавање за ГП бр.16 ред.бр.3, таб.прег.1, ќе започне на 16.02.2024 год., во 10:30 часот и истото ќе трае 15 минути

4.Јавното надавање за ГП бр.17 ред.бр.4, таб.прег.1, ќе започне на 16.02.2024 год., во 11:15 часот и истото ќе трае 15 минути

5.Јавното надавање за ГП бр.18 ред.бр.5, таб.прег.1, ќе започне на 16.02.2024 год., во 12:00 часот и истото ќе трае 15 минути

6.Јавното надавање за ГП бр.19 ред.бр.6, таб.прег.1, ќе започне на 16.02.2024 год., во 12:45 часот и истото ќе трае 15 минути

7.Јавното надавање за ГП бр.20 ред.бр.7, таб.прег.1, ќе започне на 16.02.2024 год., во 13:30 часот и истото ќе трае 15 минути

8.Јавното надавање за ГП бр.21 ред.бр.8, таб.прег.1, ќе започне на 16.02.2024 год., во 14:15 часот и истото ќе трае 15 минути

9.Јавното надавање за ГП бр.22  ред.бр.9, таб.прег.1, ќе започне на 16.02.2024 год., во 15:00 часот и истото ќе трае 15 минути

10.Јавното надавање за ГП бр.23 ред.бр.10, таб.прег.1, ќе започне на 16.02.2024 год., во 15:45 часот и истото ќе трае 15 минути

ПОСТАПКА

1.Комисијата ги известува подносителите на пријавите за комплетираноста на истите по електронски пат, во рок од 24 часа по истекувањето на рокот за поднесување на истите, при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација им доставува и корисничко име и лозинка за учество на електронското јавно наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање;

2.На денот на одржување на електроското јавно наддавање учесниците пристапуваат на интернет страната со корисничкото име и лозинка која ја добиле на e-mail адресата, доставена во прилог на пријавата за учество на јавното наддавање;

3.Електронското јавното наддавање ќе се одржи доколку по објавата аплицира и само еден учесник за секоја градежна парцела посебно, кој ги исполнува условите дадени во објавата и ја наддаде почетната цена;

4.Електронското јавното наддавање го следи Комисија, формирана од Градоначалникот на Општина Брвеница;

5.Електронското јавното наддавање започнува со објавување на почетната цена на земјиштето по метар квадратен, а се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците во наддавањето.

6.Наддавањето за градежните парцели од Табеларен преглед 1 се врши “чекорно” со зголемување на вредноста со секој “чекор” не помалку од 10,00 денари/м2.

7.Електронското јавно наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во оваа објава, при што доколку во истекот на последните две минути од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути. Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.

8.Учесникот на јавното наддавање кој понудил најголема цена се стекнува со статусот најповолен понудувач.

9.Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање и електронски го доставува до сите учесници на јавното наддавање.

10.По завршување на постапката за јавно наддавање, Комисијата е должна во рок од три работни дена да достави барање за мислење до Државното правобранителство на Република Северна Македонија по однос на нацрт-текст на договорот за оттуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија. Државното правобранителство на Република Северна Македонија е должно да достави мислење по однос на нацрт-текстот на договорот за оттуѓување во рок од 30 дена од добивање на барањето за мислење. Доколку во рок од 30 дена Државното правобранителство на Република Северна Македонија не достави мислење, ќе се смета за позитивно.

11.По прибавување на позитивно мислење од Државното правобранителство на Република Северна Македонија, Комисијата во рок од три работни дена до најповолниот понудувач доставува известување за избор на најповолниот понудувач.

12.Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена од добивање на известувањето за избор на најповолен понудувач да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето и трошоците на постапката во износ од 10% од вредноста на банкарската гаранција за сериозност на понудата но не повеќе од 15.000,оо денари и до Комисијата да достави доказ за извршената уплата со целокупната документација потребна за учество на јавното наддавање во оригинал.

13.Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средства и не ја достави целокупната документација потребна за учество на јавното наддавање во утврдениот рок, нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе се активира и истиот нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната градежна парцела.

14.Доколку најповолниот понудувач ги уплати средствата во утврдениот рок, а врз основа на доставената документација не може да се склучи договор, средствата не му се враќаат, банкарската гаранција за сериозност на понудата се активира и нема да се пристапи кон склучување на договор.

15.По доставувањето на доказ за извршена уплата и доставувањето на целокупната документација потребна за учество на јавното наддавање, во рок од пет работни дена Градоначалникот на Општина Брвеница склучува договор за оттуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија. Договорот се склучува во електронска форма преку информацискиот систем за градежно земјиште.

16.По склучување на договорот Општина Брвеница во рок од еден ден електронски го доставува договорот за утврдување на данокот на промет на недвижности. Купувачот е должен во рок од 15 дена од добивање на решението за утврдување на данокот на промет на недвижности да го плати данокот и да достави доказ за извршена уплата.

17.По доставување на доказ за извршена уплата на данок на промет на недвижности, купувачот во рок од 30 дена договорот електронски го доставува кај нотар заради вршење на солемнизација. Купувачот е должен солемнизацијата да ја изврши во рок од 30 дена од доставувањето на договорот кај надлежен нотар.

18.Доколку купувачот по своја вина во утврдениот рок од еден ден не го достави договорот за утврдување на данокот на промет на недвижности до Општина Брвеница, како и по своја вина не го плати данокот на промет во утврдениот рок од 15 дена, и не го достави истиот на солемнизација кај надлежен нотар во рок од 30 дена и не изврши солемнизација на договорот во рок од 30 дена, истиот еднострано ќе се раскине и 80% од вкупната сума од отуѓувањето нема да се вратат на купувачот.

19.Со договорот најповолниот понудувач (купувачот) се обврзува во рок од 9 месеци од извршената солемнизација на договорот да обезбеди одобрение за градба за предвидениот објекти согласно урбанистичкиот план по кој земјиштето е отуѓено, за градежните парцели со површина до 5000 м2, односно во рок од 12 месеци од солемнизација на договорот за градежни парцели над 5000 м2,

20.Доколку предмет на договорот е уредено градежно земјишто, најповолниот понудувач (купувачот) се обврзува да го изгради објектот согласно урбанисички план по кои земјиштето е отуѓено во рок согласно со одредбите од Законот за градење, а согласно со категоризацијата на градба.

21. Во цената на градежното земјиште не е вклучен надоместокот за уредување на градежното земјиште;

22.Доколку купувачот не обезбеди одобрение за градба во определениот рок односно доколку објектот не го изгради во определениот рок по вина на купувачот, истиот ќе има обврска да плаќа договорна казна во висина од 1,5% од вкупно постигнатата цена на јавното надавање на предметното земјиште за секој изминат месец во првата година од истекот на рокот, односно 3 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање на предметното земјиште за секој изминат месец во втората година од истекот на рокот, односно 4,5 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање на предметното земјиште за секој изминат месец во третата и секоја наредна година од истекот на рокот.

23.Неисполнувањето на обврските односно по паѓање на купувачот во задоцнување со исполнување на обврската три месеци последователно, претставува основ отуѓувачот, по три последователни месечни повици за извршување, како доверител со изјава за неисполнување на обврските од договорот да побара потврда за извршност на договорот, односно да побара наплата на договорената казна што претставува и основ за еднострано раскинување на договорот, при што 80% од вкупната сума од отуѓувањето, не му се враќаат на купувачот.

24.Раскинувањето на договорите заради неисполнување на обврските на договорот од страна на купувачот се врши со еднострана изјава на волјаа на отуѓувачот изјавена од страна на општина преку Државното правобранителство на Република Северна Македонија, односно обврска на купувачот за плаќање на данок на промет и нотарски трошоци во случај на раскинување на догоговор по вина на купувачот, паѓат на товар на купувачот.

25.Минималниот процент кој треба да биде изграден од вкупно развиената површина за градење предвидена со урбанистички план за предметната градежна парцела не смее да биде помалку од 30%.

26.Сопственикот на градежното земјиште стекнато во постапка за отуѓување по пат на јавно наддавање не смее истото да го пренесува на трети лица, пред исполнување на обврските од договорот за отуѓување на истото. Забраната за пренесување на трети лица, се прибележува во јавната книга за запишување на правата на недвижности, во спротивно истото претставува основ за еднострано раскинување на договорот, при што 80% од вкупната сума од отуѓувањето не му се враќаат на купувачот.По Исклучок доколку сопственикот на градежното земјиште е странско правно лице, градежното земјиште стекнато во постапка за отуѓување по пат на јавно наддавање може да го пренесе во сопственост на домашно правно лице во кое странското правно лице мора да биде единствен сопственик се до моментот на исполнување на обврските до договорот за отуѓување на градежното земјиште по пат на јавно наддавање.

27.Градежното земјиште сопсвеност на Република Северна Македонија, кое е предмет на објавата се до исполнување на обврските од договорот не може да биде дел од стечајна маса.

 28.Најповолниот понудувач (купувач) се обврзува да го плати во рок од 15 дена, данокот на промет што ќе произлезе како обврска по склучениот договор за отуѓување на градежното земјиште и да достави доказ за извршена уплата.

29.Трошоците за нотарската процедура и воведувањето во евиденцијата на недвижностите во Агенцијата за катастар за недвижности паѓаат на товар на купувачот на градежното земјиште.

30.За текот на јавното наддавање учесниците имаат право на приговор во рок од 3 (три) дена од денот на одржувањето на јавното наддавање. Приговорот се поднесува во писмена форма до Комисијата која одлучува по приговорот со решение. Комисијата е должна да одлучи во рок од 5 работни дена од приемот на истиот.

31.Против решението донесено од страна на комисијата, со кое се одлучува по поднесен приговор, странката има право да поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен -Скопје.

ОПШТИНА БРВЕНИЦА
Комисија за спроведување на
постапките за јавно наддавањe

Горан Јовановски, – Претседател

                         Арменд Зеќири, – Член

                         Реџије Бајрами, – Член

Хаќим Рамадани, – Член

        Емин Јакупи, – Член