Skip to content
Home » Новости » ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР ЗА КОНСТИТУИРАЊЕ НА ЛОКАЛНО СОБРАНИЕ ЗА МЛАДИ

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР ЗА КОНСТИТУИРАЊЕ НА ЛОКАЛНО СОБРАНИЕ ЗА МЛАДИ

Општината Брвеница распишува Јавен повик за формирање Иницијативен одбор (ИО)
согласно член 17 од Законот за младинско учество и младински политики.
Иницијативниот одбор е неформална група која има цел да се консултираат младите и да се
застапат нивните интереси во креирањето на Локалниот младински совет (ЛМС или Совет/от).
Бројот на членови во Иницијативниот одбор е пет и тие членови имаат единствена функција да го
формираат Локалното собрание за млади. Времетраењето на ИО е краткорочно и завршува со
свикување на првото (конститутивното) Локално собрание на млади. Општината е задолжена за
нивна селекција и работата на ИО се координира и помага од службеникот/ката за млади во
Општината.
Улога и задачи на Иницијативниот одбор:

  • Поддршка на Општината во креирањето или ревидирањето на актите и одлуките кои го
    уредуваат формирањето и работата на ЛМС,
  • Распишување повик за Конститутивното локално собрание на млади во согласност со Статутот на
    Општината по принципот на јавност и транспарентност,
  • Соработка со Општината при организација и одржување на Конститутивното Локално собрание
    за млади.
    Во ИО може да членуваат младински организации, организации за млади, политички
    подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои
    работат и функционираат на територијата на Општината и сакаат да учествуваат во основањето на Советот.
    **** Потребни документи:
  • Писмо за намера за учество во Иницијативен одбор
  • Писмо со номинација за член во Иницијативен одбор и контакт-информации,
    Начин на пријавување:
    Имејл: opstina@brvenica.gov.mk
    Адреса: Ул. ,,Маршал Тито,, Бр.бб Брвеница
    Рок за пријавување: од 29.03.2024 до 04.04.2024 година