Иницијативниот одбор за формирање Локален младински совет при Општина Брвеница распишува јавен повик за членство во Локалното собрание на млади.
Повикот е отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување (или во понатамошниот текст и само: организации или организација кои ќе ги исполнат следните критериуми:
- Да имаат активности на територијата на Општината Брвеница;
- Да се основани и активни најмалку една година пред отворањето на овој повик;
- Делегатот/ката и заменик-делегатот/ката да се жители на Општината Брвеница и да се на возраст од 15 до 29 години.
Пријавување: Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите потребно е да ги достават следните (подолунаведени задолжителни) документи на имејл: opstina@brvenica.gov.mk и да ги поднесат во архивата на Општината Брвеница, ул. Маршал Тито Бр.бб, со ознака Апликација за членство во Собранието на Локалниот младински совет или Советот на млади.
Задолжителни документи:
Мотивациско писмо за учество во Локалното собрание на млади (не е задолжително)
Писмо за Номинација на делегат/ка и заменик-делегат/ка со контакт-детали за претставниците.
Рокот за пријавување е од 09.04.2024 до 17.04.2024 година.
Апликациите ќе бидат разгледувани од страна на Иницијативниот одбор за формирање Локално собрание на млади со цел избор на Локалниот младински совет при Општина Брвеница.
За повеќе информации околу повикот може да се обратите на следните контакти: (контакт: opstina@brvenica.gov.mk или 044/456-015.