Skip to content
Home » Новости » ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД ВО ОПШТИНА БРВЕНИЦА

ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД ВО ОПШТИНА БРВЕНИЦА

??Општина Брвеница денес беше дел од најголемата еколошка акција ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, во која учествуваа вработените од општинската администрација, јавното претпријатие, основните училишта, граѓани и здруженија.Оваа еколошка акција има за цел да се собере и селектира одпадот од јавните површини, да ја подигне свеста за правилно одлагање на отпадот и да ја поттикне одговорноста за здрава и чиста животна средина.
♻️За таа цел беа утврдени неколку локации за собирање на отпадот во: Брвеница, Д.Седларце, Г.Челопек, Стенче и Милетино.
? Истовремено во училиштата се одржуваше еколошкиот натпревар за најдобар цртеж ГЕНЕРАЛКА АРТ,со кој нашите училишта ќе се натпреваруваат за освоена награда помеѓу 300 училишта вклучени во проектот.

?Во рамките на оваа еколошка акција а во соработка со НУЛА ОТПАД, беа поставени и контињери за собирање на електронски отпад во населените места. Апелираме поставената комунална инфраструктура да не се оштетува и во неа да се фрла оној вид на отпад за кој е наменета.
✅Грижата за здрава и чиста животна средина зависи од секој поединец, сите сме дел од проблемот но и дел од решението. Само со заедничко и одговорно однесување може да имаме здрава и чиста животна средина, која е наша заедничка потреба!

Facebook