Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се
вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Воспоставување на социјален
сервис за нега и грижа за стари и изнемоштени лица” за вклучување/работно
ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на
вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за
вработување- Центар за вработувањеТетово.
Евидентираните невранботени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од
релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната
и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени
во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно
ангажирање.
Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9
месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-
корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет)
работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за
лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните
институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и
здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на
работниот ангажман од 6 (шест)месеци/ 9(девет) месеци статусот на невработените лица
останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на
корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно
ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени
лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во
Програмата .
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна
работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750,00 денари бруто износ за
времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и
осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и
професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата
Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи
невработени лица:
-долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на
невработени лица над 5 години).
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
Работно место 1: (Неговател за стари и изнемоштени лица )
Позиции за работно место 1: Три (3)
Потребни квалификации и занимања за Работно место 1: минимум основно
образование, активен барател на работа
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-
корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување
Тетово во периодот од 11.06.2024 година до 17.06.2024 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор
помеѓу општина Брвеница и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во
општина Брвеница кај лицето Наташа Стојческа, Општински координатор за Програмата
„Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување кај
лицето Томислав Трифуноски, Центар за социјлна работа Тетово кај лицето Магдалена
Веселиноска.
ГРАДОНАЧАЛНИК,
Јовица Илиевски