Skip to content
Home » Новости » ОБЈАВА 02/2025

ОБЈАВА 02/2025

За отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање, општина Брвеница.

Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со Урбанистички план вон
населено место, с.Стенче, општина Брвеница, усвоено со Одлука бр.08-1346/2 од 09.10.2024 година, со намена за изградба на Е1.13 – Површински соларни и
фотоволтаични електрани (фото – напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) – со капацитет до 10МW, согласно
Табеларен преглед 1, во кој се дадени податоци за градежните парцели, намената на градежните парцели, вкупната површина на градежните парцели, површина за
градење, вкупна изградена површина, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција
за учество на електронското јавно наддавање.