Skip to content
Home » Новости » Локален совет за превенција (ЛСП) на општина Брвеница

Локален совет за превенција (ЛСП) на општина Брвеница

Во просториите на Советот на општина Брвеница во с.Брвеница, Локалниот Совет за превенција (ЛСП) на Општина Брвеница ја одржа својата годишна редовна седница, на која се расправаше за актуелната и безбедносната ситуација во општина Брвеница. Во рамки на денешната седница со која раководеше петставник од општината присуствуваа претставник од СВР Тетово отсек за превенција, командирот и заменик командирот на ПО Жеровјане, ЈЗУ Центар за јавно здравје Тетово, ДЗС Тетово, ЦУК Тетово, директорот на ОЈП Вардар, директорите на ОУ 7Марси и ОУ Коста Рацин, председателите на месните заедници на Врвеница, Теново, Блаце, Радиовце и Гургурница.
Во оваа пригода, претставниците на општината ги информираа присутните за фактичката состојба која ја констатираа инспекциските служби од Општина Брвеница , откако неодамна извршија вонреден надзор над училишните објекти од аспект на потребната документација, како и проверка на хидрантската мрежа и состојбата со противпожарни апарати , инспекторот за Животна средина елаборираше за инспекцискиот надзор врз деловните субјекти во делот каде каде локалната самоуправа има надлежности. Присутните развија опширна дебата во која се разгледуваа повеќе конструктивни предлози, кои понатаму ќе се практикуваат во во вид на стратегиии но и конкретни чекори во насока на општата безбедност. Во продолжение се наметна темата за воведување на едукативни активности во основните училишта во Општина Брвеница , во поглед на справување со евентуалните безбедносни ризици кои можат да се појават во оваа средина. Во насока на зголемување на општата безбедност, присутните побара поголемо присуство на полициските службеници на теренот, со оглед на тоа што голем дел од урбаната опрема и од реквизитите кои ги поставува општината во рамки на детските игралишта, се честа мета на вандалско однесување за таа цел се излезе предлок за мешани патроли од страна на полицијата општината и родители . Во текот на расправата, се алармирираше за преземање на неопходни мерки во поглед на сигурноста во сообраќајот, начини на информирање на населението од ризикот од предизвикување на пожари во отворено и други проблеми и ризици.