Skip to content
Home » Новости » СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ

На 19 мај 2025 година, во рамките на Еразмус+ проектот „Зелено претприемништво
за рурални жени – GROW“, финансиран од Европската Унија и одобрен од
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, се одржа
официјалното потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Општина Брвеница
и Здружението Среќен Живот од Тетово.
Меморандумот го потпишаа градоначалникот на Општина Брвеница Јовица
Илиевски и претседателката на здружението Бранка Марковиќ. Целта на соработката
е унапредување на женското претприемништво, развој и промоција на зелени
вештини, како и зголемување на инклузијата на руралните жени во локалниот
економски и општествен развој.
Со соработката се предвидува реализирање на заеднички активности за поддршка
на жени од рурални средини во развојот на зелени бизнис-идеи, поттикнување на
претприемничко учење преку обуки и јавни настани, како и олеснување на пристапот
до информации и ресурси.
На средбата, координаторката на проектот, заедно со четири учеснички во
мобилноста што се одржа во Анталија, Република Турција, му го презентираа на
градоначалникот проектот и резултатите од мобилноста. Во периодот од 2 до 13
март 2025 година, десет жени учествуваа во активности во Анталија, каде што
стекнаа нови знаења и вештини во областа на зеленото претприемништво.