Skip to content
Home » Новости » БУЏЕТСКИ ФОРУМ

БУЏЕТСКИ ФОРУМ

Денес, во село Челопек, се одржа Буџетски форум со граѓаните, во рамки на процесот на подготовка на Буџетот на Општината за 2026 година. Форумот претставуваше можност за отворена дискусија помеѓу граѓаните и општинските претставници, со цел директно вклучување на јавноста во утврдувањето на буџетските приоритети.

За време на дискусијата, најголем акцент беше ставен на локалните патишта, кои беа посочени како проекти што ќе продолжат и ќе се реализираат во наредните инвестициски програми на општината. Исто така, беа изнесени конкретни предлози за подобрување на условите во училиштата, со цел создавање побезбедна и поквалитетна средина за учениците и наставниот кадар.

Граѓаните ги изнесоа своите потреби и забелешки поврзани со инфраструктурата и јавните услуги, а Општината се обврза дека сите предлози ќе бидат разгледани и земени предвид при планирањето на Буџетот за 2026 година.

Со одржувањето на овој форум се потврдува заложбата на Општината за транспарентност, соработка и активно учество на граѓаните во креирањето политики во интерес на заедницата.