По повод 21 МАРТ Денот на Пролетта – Денот на Екологијата, општина Брвеница го започнува проектот “НЕДЕЛА НА ЕКОЛОГИЈАТА” кој ќе се спроведе од 21-24 Март. Целта е да им се овозможи на граѓаните здрава и чиста животна средина, но и јакнење на јавната свест за заштита на природата.
Проектот содржи повеќе еколошки акции, распоредени во неколку денови, во кој ќе бидат опфатени сите населени места и образовните институции во општината.
Активностите вклучуваат:
- поставување на контињери за собирање на отпад од батерии во училишните дворови и пред поголемите маркети во соработка со Нула отпад, а во завршна фаза сме на исполнување на техничките услови за собирање и транспортирање на габаритниот електронски и електричен отпад од домаќинствата низ сите населени места во општината;
- чистење на дивите депонии низ сите населените места;
- чистење на јавните површини;
- уредување на парковските површини со сезонско цвеќе;
- во соработка со училиштата ќе се изврши чистење и уредување на училишните дворови со сеење на сезонско цвеќе, кои не само што ќе го подобрат визуелниот изглед на училишните дворови туку и поттикнување на еколошката свест кај учениците за одржување на здрава и чиста животна околина.
Бидејќи сите сме свесни дека во денешно време на глобално ниво, загадувањето на животната средина стана загружувачко прашање, општина Брвеница преку своите планирани годишни и стратегиски програми, интензивно ќе се насочи во текот на целата година да превзема бројни мерки и активности за заштита и унапредување на животната средина. “Природата ни е потребна нас, но и ние сме и потребни на природата”