Skip to content
Home » Новости » ПОТСЕТУВАЊЕ И ПОВИК ДО ГРАЃАНИТЕ И ПРАВНИТЕ ЛИЦА ЗА ПОДМИРУВАЊЕ НА ДАНОКОТ НА ИМОТ И КОМУНАЛНИТЕ ТАКСИ

ПОТСЕТУВАЊЕ И ПОВИК ДО ГРАЃАНИТЕ И ПРАВНИТЕ ЛИЦА ЗА ПОДМИРУВАЊЕ НА ДАНОКОТ НА ИМОТ И КОМУНАЛНИТЕ ТАКСИ

Општина Брвеница ги потсетува своите даночни обврзници на данокот на имот и комуналната такса дека тече рокот за плаќање на Данокот на имот и комуналната такса.
Општината апелира до даночните обврзници, совесно и одговорно да се однесуваат кон законската обврска за плаќање на Данокот на имот и комуналната такса, бидејќи тие средства се користат исклучиво за подобрување на условите за живот, преку обезбедување на подобри јавни услуги во нашата општина.
Тоа се “НАШИ ПАРИ ЗА НАШАТА ОПШТИНА“
Плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднината на нашата општина.
Почитувани граѓани!
Со подмирување на данокот на имот и комуналната такса, ќе добиеме подобри улици, поквалитетно осветлување, овозможување на подобри услови за бизнис заедницата и нови вработувања, посовремени училишта, збогатени содржини за нашите пензионери итн.
Решенијата за данок на имот за 2022 година се навремено доставени до сите даночни обврзници.
Општината ве потсетува навремено да ја подмирите вашата законска обврска.
Воедно изразува благодарност за разбирањето и за навременото подмирување на вашите законски обврски.