Skip to content
Home » Новости » ЛОКАЛЕН СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА

ЛОКАЛЕН СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА

Превенцијата е еден од најбитните начини на дејствување, бидејќи најдобро е навреме да се спречат одредени појави и состојби, за да не настанат штети од секакви размери независно дали се предизвикани од човечки фактор или се последица од природни непогоди.

За постигнување на горенаведената насока, денес (19.07.2023 – Среда) во просториите на општина Брвеница, Локалниот совет за превенција на општина Брвеница одржа состанок со следен дневен ред:

  1. Превенција од пожари кои се јавуваат во летниот период,
  2. Превенција од употреба на огнено оружје и пиротехнички сретства во семејни веселби и свадби, зголемување на безбедноста во сообраќајот во територијата на општина Брвеница,
  3. Превенција од точење на алкохол на малолетници во угостителски објекти како и превенција од други девијантни појави во заедницата во територијата на општина Брвеница

На состанокот учествуваа преставници од општина Брвеница, Заменик началникот на СВР Тетово, командирот на СВР Тетово,  инспектор за превенција при СВР Тетово, заменик командир и инспектор од ПС Жеровјане, Раководителот на ПО ЦУК Тетово, ДЗС Тетово, Црвен крст Тетово, ТППЕ Тетово и МЗ с.Блаце.

Целта на овој состанок беше  подобрување на јавната безбедност на подрачјето на општина Брвенива, како и градење на доверба и пријателски односи во превенирањето на појавите кои влијаат во јавната безбедност.

Присутните се согласија дека треба да се превземат конкретни акции по одредена проблематика и со координација помеѓу стручните служби и надлежните институции, да се превземат кокретни превентивни мерки за подобрување на состојбата во општината, за што беа донесени и соодветни заклучоци.

Исто така, учесниците на состанокт се согласија дека на наредниот состанок  да учествуваат и други целни групи како што се Советниците на општината, сите месни заедници, верските заедници, бизнис заедницата, преставници од основните училишта и други целни групи кои ќе искажат интерес.