Skip to content
Home » Новости » ИЗВЕСТУВАЊЕ

ИЗВЕСТУВАЊЕ

На ден 22.08.2023 во раните утрински часови ни беше дојавено дека е настанато согорување на отпад  во атарот на с.Стенче, чиј интензитет на чад и непријатна миризба, од раните утрински часови се чуствува на целата територија на општината, што предизвикува опасност и загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето.

Се работи за инсталација на приватен имот за која правното лице ЕКО ЛИВИНГ ДООЕЛ -с.Чегране поседува Дозвола за вршење на дејност – складирање и третман на отпад  издадена од МЖСПП од 2020 година, а воедно истиот правен субјект е концесионер со ЈПП за собирање и транспортирање на комунален отпад од домаќинствата на територијата на општина Брвеница од 20.08.2021 година.

Наши инспекциски служби веднаш излегоjа на терен, се изврши  вонреден инспекциски надзор на локацијата, се утврди фактичката состојба, моментално сме во тек на прибирање на документација од операторот  со цел да се утврди дали субјектот на надзорот се придржувал  кон утврдените услови за работа наведени во Дозволата.

По целосно утврдување на целокупната фактичка состојба и комплетирање на бараната документација, соодветно ќе се применат одредбите од Законот за управување со отпад.

Воедно ве известуваме, за цело време од избувнување на пожарот на локацијата каде правното лице го складира и третира отпадот, ОПШТИНА БРВЕНИЦА го има мобилизарано Кризниот штаб, ги има известено сите надлежни институции  и активно учествува во елиминирање на согорувањето  и последиците од пожарот.

Со почит,

Општина Брвеница