Skip to content
Home » Новости » ИЗВЕСТУВАЊЕ

ИЗВЕСТУВАЊЕ

На ден 26.09.2023год. во просториите на општина Брвеница се одржа првиот работен состанок на
Локалниот Управен Комитет за изработка на Локален Еколошки Акционен План за општина
Брвеница.
На состанокот се усвои Деловник за работа на Управниот Комитет, именување на лице за односи
со јавност, избор на Преседавач на Локалниот Управен Комитет, усвојување на Извештај од
спроведена анкета за испитување на јавното мислење за состојбата со животната средина во
општина Брвеница, како и формирање на работни групи и именување на членови во :
 Работна група УПРАВУВАЊЕ СО ВОДИ (водоснабдување, отпадни води, регулирање
водотеци, квалитетна вода/мониторинг)
 Работна УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД (комунален, индустриски, биоразградлив земјоделски
отпад, инертен отпад и други видови отпад)
 Работна група УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ОДРЖЛИВ
РАЗВОЈ ( воздух, бучава, енергетска ефикасност и социоекономски развој)
 Работна група УПРАВУВАЊЕ СО ШУМИ, УРБАНИЗАМ, ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ И
ПОЧВА
 Работна група ЗАШТИТА НА БИОЛОШКА РАЗНОВИДНОСТ,ЖИВЕАЛИШТА И ПРИРОДНИ
РЕТКОСТИ
Во наредниот период следи интензивна работа со работните групи со цел прибирање
информации, анализирање на состојбата во секоја тематска област, дефинирање на проблемите и
предлагање на мерки и решенија за нивно надминување.