Општината Брвеница распишува Јавен повик за формирање Иницијативен одбор (ИО)
согласно член 17 од Законот за младинско учество и младински политики.
Иницијативниот одбор е неформална група која има цел да се консултираат младите и да се
застапат нивните интереси во креирањето на Локалниот младински совет (ЛМС или Совет/от).
Бројот на членови во Иницијативниот одбор е пет и тие членови имаат единствена функција да го
формираат Локалното собрание за млади. Времетраењето на ИО е краткорочно и завршува со
свикување на првото (конститутивното) Локално собрание на млади. Општината е задолжена за
нивна селекција и работата на ИО се координира и помага од службеникот/ката за млади во
Општината.
Улога и задачи на Иницијативниот одбор:
- Поддршка на Општината во креирањето или ревидирањето на актите и одлуките кои го
уредуваат формирањето и работата на ЛМС, - Распишување повик за Конститутивното локално собрание на млади во согласност со Статутот на
Општината по принципот на јавност и транспарентност, - Соработка со Општината при организација и одржување на Конститутивното Локално собрание
за млади.
Во ИО може да членуваат младински организации, организации за млади, политички
подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои
работат и функционираат на територијата на Општината и сакаат да учествуваат во основањето на Советот.
**** Потребни документи: - Писмо за намера за учество во Иницијативен одбор
- Писмо со номинација за член во Иницијативен одбор и контакт-информации,
Начин на пријавување:
Имејл: opstina@brvenica.gov.mk
Адреса: Ул. ,,Маршал Тито,, Бр.бб Брвеница
Рок за пријавување: од 29.03.2024 до 04.04.2024 година