Skip to content
Home » Новости » ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ ВО ОПШТИНИТЕ

ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ ВО ОПШТИНИТЕ

Директорот на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите Bardhyl Marku , ги претстави клучните резултати од соработката со партнер-општините. Истакна дека 48 партнер општини ги зголемија приходите од сопствени извори со просечен пораст од 22,32% во 2023 година, надминувајќи го значителниот раст од 10,26% забележан во претходната година. Дополнително, 14 општини кои изразија интерес, добија помош за ажурирање на базата на податоци за данок на имот, што резултираше во просечно зголемување од 20,5% на наплатата на данокот на имот. Овие резултати значително допринесоа за просечниот пораст од 45% на приходите од сопствени извори во истиот период.

На настанот им се оддаде признание и на 23 партнер општини од втората група, кои во изминатите 18 месеци со поддршка од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите ги зголемија своите административни капацитети за управување со општински јавни финансии, планирање и извршување на буџетот, фискална транспарентност и отчетност, планирање и прибирање на приходи од сопствени извори, пристап до надворешно финансирање, и подобра соработка со приватниот сектор. Исто така, градоначалникот на Берово Звонко Пекевски, претставници на Општина Брвеница и Општина Новаци, ги споделија придобивките од партнерството со Проектот на УСАИД.